Камп за деца со посебни потреби викендов во Скопје
Камп со работилници и активности за деца со посебни потреби викендов во Скопје организира граѓанската иницијатива за изедначување на правата на лицата со посебни потреби „5 до 12“.
- Повикуваме на дружење, гушкање и заеднички активности во следните три дена во Жена Парк со нашите деца сите различни и сите посебни. Надлежните институции да дојдат да не видат нас и нашите деца и заедно да разговараме за решенијата. Да покажеме дека и нашите деца можат ако им се даде можност и обезбедат услови, изјави пред Собранието на Република Македонија Сузана Стојановска од иницијативата.
Посочи дека покажале дека може сами да се организираат и соберат над 30.000 потписи за поддршка на иницијативата, на која досега и се приклучиле повеќе од 30 здуженија и неформални групи од цела Македонија.
- Ги повикуваме останатите да се обединиме и застанеме цврсто заедно. Знаеме, можеме, умееме и не отстапуваме се до исполнување на нашите барања. Барањата се подготвуваат во форма на законски и подзаконски акти и ќе бидат доставени до Собранието, изјави Стојановска.
Според Суарет Алиша од иницијативата, таа има за цел да овозможи подобар животен стандард на лицата со сензорна попреченост.
- Како организација сакаме да покажеме и докажеме дека 5 до 12 место за сите има еднакво под сонцето. Јас сум дете со попреченост и сум пораснат во институциите на системот бидејќи сум бил дете без родителска грижа. Ова го започнуваме да докажеме дека место има подеднакво за сите. Глувите сакаат да ја победат тишината, а слепите сакаат да ја победат темнината, дајте да им го оствариме тој сон, изјави Алиша.
Претседателот на здружението „Раст“ Александар Петровски рече дека очекуваат од институциите да ги побараат и разговараат, како и дека остануваат на ставот ништо без нас за нас.
- Најнеопходно е да се изгради модерен центар за лица со посебни потреби каде ќе има нормални услови за пошироката популација на сите лица со посебни потреби, како што се физиотерапевти, негуватели, медицински персонал, градинка и се останато. Сметам дека државата во 21 век може да изгради таков центар, изјави Петровски.
Според организаторите кампот има за цел да покаже дека ако им се створат услови и можности и децата со посебни потреби можат и умеат. За таа цел ќе бидат организирани работилници за Арт терапија, Музико терапија, тематски работилници, логопедски третмани, работилници за здрава храна, како и спортски вечерни активности и утринска гиманстика со волонтери од Специјална олимпијада.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење