Кај Стариот чинар во Охрид од вечерва се одржува Фестивалот „Вино и сирење 2019“

Со вечерашното отворање на Фестивалот „Вино и сирење 2019“, Општина Охрид и Секторот за локален туристички и економски развој стартуваат со годинешните манифестации за промоција на локални продукти, производи и занаети.
Дводневниот фестивал „Вино и сирење“ им отвора можност за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Манифестацијата претставува своевиден мини-саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија.
Веќе од недела на истата локација, на плоштадот „Крушевска република“ кај Стариот чинар почнува манифестацијата „Денови на медот“, манифестација на која до 13 август ќе се промовираат медот и производите од мед, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Терминот од 14 до 16 август е резервиран за манифестацијата „Охрид крафт експо“, осмислена за промоција на занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, приближување на занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите. Истовремено манифестацијата има за цел да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.
Сите три манифестации се интересни и за странските гости што летуваат во Охрид, оттаму што нудат можност да се дегустираат и купат локални еколошки незагадени производи и да се видат традиционални занаетчиски вештини.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
