Бизнис
23. April 2022 - 16:38

Каде исчезнаа плантажите со сончоглед, од 46.000 хектари пред 30 години, денес сончоглед само на 4.000 хектари

Недостатокот од масло за јадење и енормното покачување на цената, повторно ја актуелизираше темата за редуцирањето на сончогледот од македонските полиња. Во изминатите 3 децении, површините засадени под оваа маслодајна култура се десеткувани, па од 46 000 ха под сончоглед пред 30 години, сега едвај се садат околу 4000 ха. 

- Србија произведува 700.000 тони, ние произведуваме максимум 5000 тони годишно, што е неспоредливо и можеме да задоволиме само 8 до 10 % од сопствените потреби. Занчи ние сме зависни од увоз на сончоглед, дали како зрно, дали како сурово масло или готов производ- изјави Љупчо Михајлов, декан на Земјоделски факултет УГД - Штип.

За увоз на суровини за производство на сончогледово масло, Македонија троши 45 милиони долари годишно. Овче Поле во блиско минато го красеа непрегледни насади од сончоглед, но поради нередовното водоснабдување, што предизвика драстичен пад на приносот, земјоделците се откажаа од садење на оваа култура.

- Пелагонија можеби е реон каде би требало да се даде предност на сончогледот, бидејќи таму редовно се постигнуваат повисоки приноси, но Овчеполието е доста ризично за производство на сончоглед- додаде Михајлов

Пред покачаувањето на цените на репроматеријалите, само за покривање на трошоците беа потребни 1000 килограми по хектар. 

- Сега, веќе со овие цени на нафта, на вештачки ѓубрива кои се и скапи и ги нема да се купат колку и да се скапи, мое мислење е дека најмалку 1300-1400 килограми по хектар се потребни само за да се покријат трошоците, изјави Михаилов

Во услови на економска криза, производството на житни култури мора да биде приоритет број еден, а државата да ги зголемува субвенциите за да се мотивираат земјоделците.