Кабинет на Рама: Фотографијата по грешка била означена дека е од Албанија
По рекациите на социјалните мрежи, откако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.
Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.
– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Македонија, наведоа од Кабинетот на Рама за МИА.
Претходно денеска, планинари од Тетово ја алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија на објава на Фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама.
На социјалната мрежа Рама објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës).
На објавата до 13:30 часот има околу 400 коментари во кои главно се забележува на тоа што Рама убавина на Македонија ја прикажува како убавина во неговата земја и се укажува дека тоа е негова катастрофална грешка.
Во Албанија според мапите на интернет се наоѓа кањон Лешница, инаку во близина на грчката граница и на пат за градот Саранда. Воедно тоа е заштитено природно подрачје.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши