Балкан
8. November 2017 - 19:59

Јункер: Србија и Црна Гора ќе влезат во ЕУ до 2025 година

Србија и Црна Гора ќе влезат во Европската унија до 2025 година, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

На прес-конференцијата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање за натамошното проширување на ЕУ, Јункер рече: Јас навистина мислам дека тие две држави ќе станат членки до 2025 година.

- Засега не делува дека можеме да примиме нови членки до 2019 година, но би сакал европската перспектива да не се гледа како покана, туку како потреба, истакна Јункер.