Јункер: Ако Турција ја врати смртната пресуда тоа ќе значи и крај на преговорите со ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер потврди дека ако Анкара ја врати смртната пресуда, тоа ќе биде сериозна пречка за државата да стане членка на Европската унија.
– Ако смртната пресуда биде воведена одново во Турција, тоа ќе значи и крај за преговорите на државата, изјави Јункер за Билд, зборувајќи притоа за „црвена линија“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека очекува парламентот да одобри враќање на смртната казна по референдумот во април за проширување на овластувањта ан претседателот. Тоа беше првпат Ердоган да го повика парламентот да одобри враќање на смртната казна.
Од друга страна Јункер порача дека таков потег би бил на штета за Турците.
– Членството на Турција ќе биде невозможно ако случајот е таков, но не заради европејците туку заради недостигот од желба кај Турците да воведат европски стандарди, додаде Јункер.
Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел е уште потврд во ставовите за Турција.
– Денес сме подалеку од кога било досега со членството на Турција во ЕУ, изјави габнриел за Шпигел.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
