-->
-->
Јуниорите на Работнички го освоија шапмпионскиот трофеј
-->
Младите кошаркари на Работнички ја освоија шампионската титула во домашниот шампионат во јуниорска конкуренција.
Работники во финалето на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 18 години кој се одржа во СРЦ „Кале“ го победи Вардар со 78-60. Победата тимот од „Градски парк“ ја најави уште во првото полувреме откако првите две четвртини ги доби со убедливи 20-4 и 21-8.
Андреј Јордановски од шампионскиот состав кој средбата ја заврши со 21 постигнат поен го доби признание за MVP на фајналфор турнирот.
Во дуелот за бронзениот медал МЗТ Скопје Аеродром со 83-74 славеше победа над Шкупи.
Денеска и утре ќе се игра завршниот турнир во конкуренција на играчи до 14 години. За шампионската титула ќе се борат Партизан Водно Санс - МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 – Вардар.
Овие натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај