Јунакот на ГАК повеќе не е во инкубатор - дојде на свет во 23. недела и наскоро ќе си оди дома
Малото, но силно ноженце на предвремно роденото бебе ја доби животната битка, соопшти денеска од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
-Родено со само 700-тини грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка. Ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Тримесечното бебе во историјата на предвремно родените бебиња ќе биде запишано како првото преживеано новороденче, дојдено на свет во 23 недела, раскажа педијатар Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија – Скопје.
Од почетокот на оваа недела момчето не е повеќе во инкубатор, дише самостојно, редовно се храни, а веќе е научен на прегратки. На клиниката е 100 дена. Името ќе го добие дома, а тука го нарекуваат „миленикот“.
Миленикот на скопска гинекологија за неколку дена ќе ја напушти болницата. За тимот на оваа клиника најголема среќа е да дојде нивниот миленик да ги посети, но како гостин.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски