Македонија
28. January 2024 - 11:42

ЈП Комунална хигиена: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени

Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса.

Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки.

За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална.

Во прилог фотографии од состојбата на контејнерите на ЈПКХС на територија на општина Аеродром во моментов.

ЈП Комунална хигиена-Скопје