Јолевски иницира вклучување на ЕУ за побрз транспорт на мигрантите кон Европа

Моменталната состојба со мигрантите во земјава беше тема на денешната средба на министерот за одбрана Зоран Јолевски со претставникот на УНХЦР за Македонија Мохамад Ариф и со регионалниот претставник на оваа организација Ендру Мејн.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата, министерот и соговорниците се фокусираа на улогата на Министерството и Армијата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза на јужната граница, како и за улогата на УНХЦР во активностите за помош на Министерството и Владата.
Министерот Јолевски ја покрена и можноста за вклучување на ЕУ во обезбедувањето помош за мигрантите при нивното патување од Грција кон Европа, со железнички или воздушен транспорт со цел нивен побрз транзит низ Југоисточна Европа кон нивната крајна дестинација.
Претставниците на УНХЦР ја истакнаа одличната соработка што ја имаат со Министерството и му се заблагодарија на министерот за неговата помош во соработката со УНХЦР и со организациите присутни во тој регион.
Армијата на Република Македонија со свои припадници продолжува да дава помош и поддршка на Министерството за внатрешни работи на јужната граница. На крајот на август, Армијата во Гевгелија изгради центар за регистрација и транзит на мигранти, во кој им се обезбедуваат и храна, вода, медицинска помош и хигиенски производи. Железничката станица и автобусите лоцирани во близина на центарот за регистрација и транзит ја овозможуваат најбрзата можна маршрута кон северната граница.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
