Јоханес Хан во посета на Косово
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јохнес Хан денеска попладне допатува во Приштина, при што првата средба ја имаше со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Како што јави дописникот на МИА, за време на средбата Тачи изјавил дека е неприфатливо доцнењето што му се прави на Косоцо во процесот за визна либерализација.
- Стравувам дека некој во ЕУ лошо го измешал процесот за визна либерализација со процесот за членство на Косово во ЕУ. Не заборавете дека Косово не станува членка на ЕУ во моментот кога ќе се укинат визите, изјавил Тачи на средбата со еврокомесарот Хан.
Според Тачи, одложувањето на визната либерализација и на појаснувањето на европскиот пат на Косово и на Балканот, создава простор за други сили да го дестабилизираат регионот.
Тој му заблагодари на Хан за неговото доаѓање во Косово, веднаш по објавувањето на извештајот за напредок.
Хан оцени дека извештајот реално го отсликува напредокот што го направи Косово.
Еврокомесарот Хан оствари средба и со спикерот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, кој изјави дека Косово максимално работи заедно со своите партнери во унапредување на европските реформи за зајакнување на правната држава и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Оценувајќи ја како неправедна, како што оцени, изолацијата која продолжува да им се прави на граѓаните на Косово, Весели нагласи дека е неопходно укинување на визите од страна на ЕУ.
Според Хан, неговата посета на Приштина ја потврдува одлучноста на ЕУ за поддршка на Косово.
Официјален Брисел, доде Хан, е отворен за тесна соработка со косовските институции и очекува официјална Приштина да ги исполни сите барани критериуми за визна либрализација.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново