ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ според член 301 став 2 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека осомничениот 46-годишен скопјанец, на 2 ноември, управувал автомобил „Хонда” под дејство на опојна дрога.
- Во селото Марино возел со брзина поголема од дозволената и неоприспособена спрема условите на патот, така што кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер