Балкан
27. јуни 2016 - 14:18

Јилдирим: Израел ќе и исплати отштета на Турција од 20 милиони долари

Израел ќе им исплати отштета од 20 милиони долари на семејствата на жртвите, кои беа убиени од израелски специјалци на бродот „Мави Мармара“, кој се обиде да достави хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа во 2010 година, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Тој додаде дека Турција и Израел наскоро ќе разменат и амбасадори.