Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак изјави во интервју емитувано доцна синоќа дека Киев се уште не е подготвен да започне преговори со Русија бидејќи нема оружје, безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара.
Јермак ја даде изјавата за јавната телевизија Суспилне во време кога Зеленски јавно ја разгледува можноста за преговарачко решение за војната со Русија, предизвикана од инвазијата на Москва на соседната земја во февруари 2022 година.
-Немаме оружје, го немаме статусот за кој зборуваме. А, тоа значи покана за НАТО и јасни гаранции . . .
За да можеме да бидеме сигурни дека Путин нема да се врати за две или три години, рече Јермак, кој негативно одговори на прашањето дали Украина во моментов е подготвена да започне преговори.
Минатата недела во Париз, Зеленски разговараше за „замрзнување“ на линиите со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а меѓу другото, тој предложи распоредување странски трупи во Украина додека земјата не се приклучи на НАТО.
Ново на Сител
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово