Бајден го врачи престижниот „Претседателски медал на слободата“ на голем број познати личности

Американскиот претседател Џо Бајден им го врачи престижниот „Претседателски медал на слободата“ на голем број познати личности.
На церемонијата во Белата куќа, американскиот претседател ја додели највисоката цивилна награда на пејачот и активист Боно, кошаркарската легенда Меџик Џонсон, модната кралица Ана Винтур, актерите Дензел Вашингтон и Мајкл Џеј Фокс и модниот дизајнер Ралф Лорен.
Исто така, им оддаде чест на посветени поединци како готвачот Џози Андрис, основач на невладината организација World Central Kitchen и Џејн Гудал, водечки глас во областа на заштитата на животната средина.
„Навистина извонредни луѓе кои го дадоа своето драгоцено време за да ја обликуваат културата и каузата на Америка“, рече Бајден.
Осумдесет и двегодишниот демократ одликуваше и неколку други политички личности. Престижниот медал го доби и финансиерот и филантроп Џорџ Сорос. На церемонијата во негово име ја примил неговиот син. Демократката Хилари Клинтон, која беше претседателски кандидат на изборите во 2016 година, исто така беше наградена за „оставањето белег на светот“.
Престижната награда ја доби и Лионел Меси, аргентинскиот фудбалер и напаѓач, но тој не присуствуваше на церемонијата.
Џо Бајден, исто така, постхумно му оддаде чест на политичарот Џорџ Ромни, таткото на републиканскиот сенатор Мит Ромни, како и на Роберт Френсис Кенеди.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
