Свет
5. January 2025 - 8:34

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

Австрискиот канцелар Карл Нехамер и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) синоќа изјави дека во наредните денови ќе поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на ОВП, откако по вторпат пропаднаа преговорите за формирање нова влада.

 „Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки

Народната партија останува на своите ветувања: Нема да се согласиме со мерки кои се против бизнисот или за нови даноци.

Затоа ги завршуваме преговорите со Социјалдемократската партија и нема да ги продолжиме“, напиша Нехамер на мрежата Икс.

Тој за јавниот радиодифузен сервис ОРФ изјави дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во наредните денови“.