Свет
6. September 2022 - 9:01

Јапонија за државниот погреб на поранешниот премиер Абе ќе потроши 11,4 милиони долари

Јапонската Влада ќе одвои вкупно 1,6 милијарди јени (11,4 милиони долари) за државниот погреб на убиениот поранешен премиер Шинѕо Абе.    

Портпаролот на јапонската Влада, Хитоказу Матсуно истакна дека 800 милиони јени (околу 5,6 милиони долари) се наменети за безбедноста, а 600 милиони јени (приближно 3,5 милиони долари) за странските делегации. Претходно,

Владата на премиерот Фумио Кишида изјави дека државниот погреб на Абе, што ќе се одржи на 27 септември, ќе ја чини државата 249 милиони јени (околу 1,7 милиони долари) Абе беше убиен на 8 јули за време на предизборен митинг.  Приватниот погреб на Абе беше на 11 јули.