Јане Ченто: Не се плашам од затвор, вие не осудивте ама историјата ќе не ослободи
Осудениот на 15 години затвор за 27ми април Јане Ченто не побара да се брани од слобода. Поради како што рече тој, може повторно на некој полицаец да му текне да лаже и со службена белешка повторно да го вратат во затворот во Шутка.
„Се прашував дали да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор, со оглед дека бев вратен во притвор од полицаец, за потоа да се утврди дека полицаецот лажел. Поради ова нема да барам да се бранам од притвор да не му текне пак на некој со лажна службена белешка да ме враќа назад.
Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, рече обвинетиот Јане Ченто кој доби 15 години затвор.
„Да живее Република Македонија“, извикаа и обвинетите во знак на поддршка на Ченто.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек