Јаглен за греење како стимул за слабење
Гувернерот на сибирската област Кемерово, која е богата со јаглен, Аман Тулеев дојде на интересна идеја како да ги натера своите сограѓани со вишок килограми да почнат да држат диета.
Имено, тој реши да го стимулирае слабеењето, нудејќи како награда јаглен за греење во текот на претстојната зима.
- Со јаглен ќе го плаќаме секој загубен килограм и тоа не во грамови туку во тони, изјави Тулеев.
За таа цел регионалните власти ќе организраат реално шоу што ќе се емитува на една локална телевизија, во кое учесниците ќе се борат во намалување на вишокот килограми, а победникот ќе освои неколку тони првокласен јаглен.
Инспирација за Тулеев била слична кампања организирана во 2013 години во Дубаи, каде властите оние што ослабеа ги наградуваа со злато. Тогаш во Дубаи за секој загубен килограм властите даваа по еден грам од овој благороден метал, при што поделија злато во вредност од околу 763.000 долари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра