Ја тестирал новата камера над дворец, па се зачудил: Дух се појавил пред неговите очи
Томас Арнолд (41) управувал со својот дрон над дворецот Беркли кога го изненадил приказ на „витез на коњ“.
Мажот вели дека дронот наеднаш загубил контакт на 10 секунди, а кога дома ја прегледал снимката здогледал необична појава како галопира низ дворецот кој е изграден уште во 11. век.
„Почнав да ја премотувам и зумриам снимката и сигурен сум дека на него се појави дух“, рече тој.
Томас дронот со ХД камера го купил минатиот четврток и одлучил да го тестира над дворецот.
„Ги проверив и снимките на интернет и ги споредив со оваа снимка за да видам дали ќе забележам нешто необично. Оџаците околу дворецот не беа активни така што не може да се работи за облак од чад. Немам друго објаснување освен дека снимив вистински дух на некој витез како трча низ стариот дворец“, изјави Томас.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ