ОН ја осуди последната ракетна проба на Северна Кореја и се закани со уште поостри санкции
Советот за безбедност на ОН синоќа, повторно, го осуди тестирањето балистичка ракета, и по вторпат во рок од еден месец, се закани со уште потешки санкции за Северна Кореја, јави ТАСС.
Во усвоената декларација, 15-те земји членки на Советот го нарекоа однесувањето на Пјонгјанг „дестабилизирачко, нагло и провокативно", барајќи од Северна Кореја да се откаже од спроведувањето на ракетни и нуклеарни проби.
Советот за безбедност ќе се собере денеска зад затворени врати за да разговара за барањето на САД, Јапонија и Јужна Кореја за извршената на 21 мај пробна употреба на балистичка ракета со среден дострел.
Лично лидерот на тоталитарната земја Ким Џонг-ун, кој сам раководел со тестот, се пофали дека тоа било успешно и имало за цел „проценка на техничките индикатори на оваа оружен систем во борбени услови“.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек