Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори
Израел ќе испрати делегација во Каиро на понатамошни разговори со посредниците за предложениот договор со Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Сепак, додека Хамас се согласи да направи отстапки за своето клучно барање – Израел да се обврзе на целосно завршување на војната – палестинската организација бара од посредниците да постигнат договор за траен прекин на огнот во замена за ослободување на израелските заложници.
Нетанјаху, пак, рече дека нема да потпише никаков договор што ќе го принуди Израел да ја прекине својата офанзива во Газа пред да биде елиминиран Хамас.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека израелскиот преговарачки тим се вратил од состанокот со посредниците во Доха, без да даде детали за исходот од разговорите. Тимот денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите, се вели во соопштението.
САД претходно денеска објавија дека испраќаат дополнителни 100 милиони долари помош за Палестинците во Појасот Газа и Западниот брег.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис