Измени во процедурата за прием на студенти на Воената академија за поголема транспарентност
Вкупно 22 кандидати се примени на конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во учебната 2017/18 година во двата уписни рока, соопшти Министерството за одбрана.
Сите кандидати ги исполниле општите и посебните услови на конкурсот, ги поминале психолошките тестирања, здравствените прегледи и физичките проверки.
Согласно правилникот примен е и уште еден кандидат, кој е дете на загинат припадник на АРМ.
Во соопштенето се наведва дека при приемот се почитувани уставните начела за правична застапеност, од примените кандидати 16 се Македонци, петмина се Албанци и двајца се Власи. Запазена е и родовата еднаквост, 13 од кандидати се од машкиот пол, а десет се жени.
Вториот уписен рок се одвиваше согласно измените на процедурата за прием на студенти на Воената академија. По предвременото распишување на првиот уписен рок на 4 мај, кога од 84 кандидати беа примени само петмина што предизвика реакции во јавноста и забелешки за нетранспарентност, се донесоа измени во правилникот за упис со што се гарантираат фер услови за сите кандидати.
Меѓу другото, според новиот правилник, тестирањата на кандидатите се вршат анонимно, со користење на шифра, наместо име и презиме. Психолошките тестирања ги спроведуваат психолози на служба во Армијата и надворешен член од Клиниката за психијатрија, а спроведувањето на психолошките тестирања се врши во пишана форма со цел избегнување на манипулација при бодувањето и обезбедување на писмен доказ во случаи на вложување на жалба на одлуката за избор до второстепената комисија.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”