Излепени плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија | ФОТО
Во центарот на Белград конзервативното српско движење „Наши“ вчера излепило плакати со ликовите на Доналд Трамп и Илон Маск, како и пораката „Make Serbia great again“(Да ја направиме Србија повторно голема), со контроверзна карта на „Голема Србија“, на која територијата на Македонија е претставена како српска територија.
Од движењето велат дека „со оваа акција укажуваат на потребата Србија да си ја врати заслужената позиција на Балканот и во светот, како и да се исправат бројните историски неправди кои му биле нанесени на нивниот народ низ децениите“.
-Го поддржуваме Доналд Трамп како лидер кој покажа сила во борбата за суверенитетот на својата земја и отворено застана против глобалистичките политики кои ги загрозуваат националните интереси. Неговата порака „Make America great again“ нè инспирираше и нас, бидејќи веруваме дека Србија мора да ја врати својата големина и сила, стои меѓу другото во соопштението на „Наши“.
„Наши“ се декларираат како големи поддржувачи на новоизбраниот американски претседател Трамп.
Конзервативното движење „Наши“ е крајно десничарска организација. Во 2013 година поставија постери со листа на имиња на „странски агенти“, меѓу кои и на некои медиуми и невладини организации кои се, или како што тие веруваат дека се, поврзани со ЦИА. Во 2017 година во Србија ја покренаа акцијата „Стоп операција Сорос“, инспирирана од тогашната македонска таканаречена организација. СОС во Македонија беше претставена на јавноста на 17 јануари 2017 година. Во некои медиумски извештаи беа претставени како „граѓанско движење“, а некаде како „иницијативен одбор за формирање граѓанско движење“, па дури и како „невладина организација“.
Во 2020 година, српското Министерство за надворешни работи му врачи протестна нота на тогашниот в.д. амбасадор на Македонија во Белград, поради објавувањето на поштенска марка на која се наоѓа географска карта на, како што се наведува во реакцијата, фашистичката Независна држава Хрватска (НДХ). Потоа „Македонски пошти“ ја повлече од својата веб-страница марката со карта на голема Хрватска, а на тоа место објави извинување за гафот.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново