Излагања на учесници на Филозофскиот филмски фестивал во 21. „Филозофска трибина“
Филозофското друштво на Македонија вечер од 20 часот во ГЕМ Клуб ќе го промовира 21-от број на списанието „Филозофска трибина“ во кое централно место има тематот „Филозофија и филм“.
Содржи излагања на дел од гостите на годинашниот Филозофски филмски фестивал кои, како што наведува организаторот на промоцијата, направија пионерски обиди за воведување на филм-филозофијата во Македонија.
- Тематот содржи и неколку текстови од други професори и помлади колеги кои истражуваат во оваа област. Покрај тематот, во списанието има неколку текстови од работилницата за Аристотеловиот поим hyle одржана на Филозофскиот факултет, авторски текст за стрипот, победничкиот есеј од Конкурсот за средношколски филмософски есеј на ФФФ 2016 и неколку прилози во рубриката „Филозофски живот“, соопшти организаторот.
Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче