Македонија
5. November 2019 - 19:33

Изгубил контрола и излетал од патот Штип - Радовиш, три лица повредени

Вчера во 17.15 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(32) од Штип, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(32), додека со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(55) и биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.