Македонија
3. October 2017 - 11:18

Изгоре пекара и семејна куќа во Ѓорче Петров

 
Утринава во 9 часот избувна пожар во пекарата „Кендо“ во скопската населба Ѓорче Петров. 
 
 За среќа во пожарот нема повредени лица.
 
Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе пожарникарски возила и пожарникари – еден од пожарникарите е повреден.
 
Огнот од пекарата го зафатил и покривот на куќата. Според очевидците,  пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.