Изгаснат пожарот во Ново Село, изгореа три плевни и две куќи
Во пожарот, што избувна попладнево околу 16 часот во струмичко Ново Село, изгореа три плевни и две куќи, а повредени и загинати нема. Пожарот е изгаснат окоу 19 часот со интервенција на 20 пожарникари и шест против - пожарни возила, како и со дејствување на еден хеликоптер.
Според информациите од Алекснадар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, причинета е голема материјална штета, а во расчистувањето на остатоците од пожарот е вклучен и еден багер.
На местото на пожарот е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој во разговор со граѓаните, чии објекти беа зафатени од пожарот, беше информиран дека пожарот се појавил одеднаш.
Според Сандо Николов, причина за пожарот е спој на каблите кои пренесуваат струја од бандера на бандера и според него, но и други жители, и порано се случувало да се случуваат такви инциденти.
-Дуваше ветер и искрата дојде од каблите кои поминуваат тука и веднаш заврши во мојата плевна. Ова се случува веќе трет пат. Успеав да го извадам коњот и притоа ми помогнаа мои другари. Ми изгореа околу 200 бали сено, изјави Николов.
Според Ангелов, на местото на пожарот ќе дојдат вешти лица од МВР за да ја утврдат причината за овој пожар.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ