Македонија
29. July 2024 - 11:03

Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно овинителство Битола

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, денеска со почеток од 10 часот во изборното место 1 во Битола ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

Како што информираат од Советот, единствена пријавена кандидатка која воедно ги исполнувала условите е основната јавна обвинителка од ОЈО Прилеп, Маријана Илиевска.

Избирачкиот список го сочинуваат 22 обвинители од изборното место 1, а за изборот не е потребен цензус.

Гласачкото место се затвара во 16:00 часот.