Ивановски на 330 место на АТП листата, пад од 23 позиции
Новата АТП листа поради денешниот старт на УС Опен беше објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени.
Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела.
Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1131. место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216. место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34. год, 259. место АТП).
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново