Иванов на меѓународна конференција за глобалните предизвици во Софија
Претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија, денеска во Софија ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“.
Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“, јави известувачот на МИА.
Воведни излагања на форумот ќе одржат и Росен Плевнелиев, претседателот на Бугарија во својство на земја домаќин на конференцијата и копретседавачите на „Низами Ганџави“ Ваира Вике- Фреиберга, поранешен претседател на Латвија и Исмаил Серагелдин директор на Александриската библиотека.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот и пошироко кои ќе дебатитаат за состојбите со напливот на мигранти и мерките за справување со ова прашање од политички, економски и хуманитарен аспект.
За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.
Вчера во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, Иванов одржа предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.
Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре со посета на Културно - информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ново на Сител
-
ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување
-
Стапуваат на сила новите санкции на ЕУ против четворица руски граѓани
-
Преку КОВАКС до крајот на мај ќе бидат испорачани околу 237 милиони вакцини во 142 земји
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните денес од Заев очекуваа да видат план за борба против корупција, а видоа само млатење празна слама и заштита на криминалот
-
Истрагата за обидот за бегство на Мијалков мора да се спроведе до крај, за да извлечеме слабости, смета Заев
-
Николовски: Воспоставуваме ефикасен систем за борба против корупцијата
-
Истрагата ќе покаже кој потфрли со Мијалков, вели Заев
-
7 починати и 726 нови случаи на Ковид-19 во земјава