Иванов на меѓународна конференција за глобалните предизвици во Софија
Претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија, денеска во Софија ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“.
Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“, јави известувачот на МИА.
Воведни излагања на форумот ќе одржат и Росен Плевнелиев, претседателот на Бугарија во својство на земја домаќин на конференцијата и копретседавачите на „Низами Ганџави“ Ваира Вике- Фреиберга, поранешен претседател на Латвија и Исмаил Серагелдин директор на Александриската библиотека.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот и пошироко кои ќе дебатитаат за состојбите со напливот на мигранти и мерките за справување со ова прашање од политички, економски и хуманитарен аспект.
За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.
Вчера во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, Иванов одржа предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.
Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре со посета на Културно - информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ново на Сител
-
Заев: СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
-
Русија протера десет вработени од американската aмбасада во Москва
-
Мицотакис најави олабавување на марките по Велигден, на 15 мај старт на туризмот
-
Филипче: Следната недела ќе одлучиме дали ќе има нови мерки за претстојните верски празници
-
Приведени двајца штипјани кај кои е пронајден хероин
-
Митрески: Опозицијата повторно нека ги поднесе интерпелациите за Николовски и за Маричиќ
-
Филипче: Граѓаните кои сакаат да се ревакцинираат со АстраЗенека може да одат во Србија, кај нас за сега нема да се дава
-
Ромите да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството, порача Шахпаска