Иванов на меѓународна конференција за глобалните предизвици во Софија
Претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија, денеска во Софија ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“.
Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“, јави известувачот на МИА.
Воведни излагања на форумот ќе одржат и Росен Плевнелиев, претседателот на Бугарија во својство на земја домаќин на конференцијата и копретседавачите на „Низами Ганџави“ Ваира Вике- Фреиберга, поранешен претседател на Латвија и Исмаил Серагелдин директор на Александриската библиотека.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот и пошироко кои ќе дебатитаат за состојбите со напливот на мигранти и мерките за справување со ова прашање од политички, економски и хуманитарен аспект.
За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.
Вчера во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, Иванов одржа предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.
Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре со посета на Културно - информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ново на Сител
-
Бочварски: Ќе постапиме веднаш кога ќе добиеме елаборат за суспензија на ДУП-от од Општина Центар
-
Просечна плата во февруари 27.948 денари
-
Борисов демантира дека ќе се кандидира за претседател на Бугарија
-
Битиќи: Засега нема потреба од ребаланс на Буџетот, приходите се подобри од очекувањата
-
Левица: Загрозена и неизвесна иднината на илјадници вработени во Дрекслермаер
-
Донација од Словенија во заштитна опрема против Ковид-19 во вредност од 113.500 евра
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 952 пациенти, слободни кревети има
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 68 пациенти, а вкупно се лекуваaт 689