Иванов на меѓународна конференција за глобалните предизвици во Софија
Претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија, денеска во Софија ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“.
Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“, јави известувачот на МИА.
Воведни излагања на форумот ќе одржат и Росен Плевнелиев, претседателот на Бугарија во својство на земја домаќин на конференцијата и копретседавачите на „Низами Ганџави“ Ваира Вике- Фреиберга, поранешен претседател на Латвија и Исмаил Серагелдин директор на Александриската библиотека.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот и пошироко кои ќе дебатитаат за состојбите со напливот на мигранти и мерките за справување со ова прашање од политички, економски и хуманитарен аспект.
За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.
Вчера во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, Иванов одржа предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.
Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре со посета на Културно - информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола