-->
-->
Италија нуди 25.000 евра за да се доселите тука
-->
По 25.000 евра за секој кој ќе дојде да работи и живее во италијански регион Молисе, нудат тамошните надлежни. Се работи за регион кој се наоѓа меѓу Апенините и Јадранското Море, а е познат по своите национални паркови.Но, и покрај преубавото опкружување, неговата популација драстично опаѓа. Од 2014 година бројот на жители се намалил за 9.000, а во девет града што се наоѓаат во областа минатата година не се родило ниту едно дете.
Градоначалникот на општината, Донато Тома, објави дека секое село со помалку од 2.000 жители ќе дава по 700 евра месечно во период од три години за сите што ќе се преселат и ќе живеат во оваа област и ќе почнат некој бизнис или компанија.
Може да работат што било, да отворат пекарница, продавница за канцелариски прибор, ресторан… Тоа е начин да му вдахнеме живот на нашиот град, а со тоа и да ја зголемиме популацијата, изјави Донато Тома.
Освен тоа, тој вети дека секој град ќе добива по 10.000 евра месечно за подобрување на инфраструктурата и културните понуди.
Не станува збор само за зголемување на населението. Луѓето мора да имаат и инфраструктура и причина да останат, инаку за неколку години повторно ќе се најдеме во истата ситуација, додава тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
