Истрага за двојното убиство во Кратово
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека при вршење семејно насилство вчера осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.
По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова - Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот
-
78-годишна жена ограбена на постојка во центарот на Скопје
-
Тепачка помеѓу поранешни сопружници, двајцата се изјаснуваат како жртва пред полицијата
-
Поради сообраќајка затворен патот Берово – Струмица во двата правци
-
МВР: Приведен бегалец од затвор во Скопје
-
Ангелов: Нефункционални три „Ер трактори“ поради пензионирање на двајца пилоти
-
САД ќе ги пренасочат нарачките на системите Патриот во Украина
-
Стефковски: Матео жив и здрав се врати дома