Исплатени субвенции за одгледувачите на говеда
Субвенции во висина од 354 милиони денари им се исплатени на вкупно 12.500 сточари кои одгледуваат говеда. Субвенциите се исплатени преку мерката „Директни плаќања за обележани грла говеда“.
Од Агенцијата денеска информираа дека во изминатиот период се исплатени и субвенции за полјоделците, градинарите, лозарите и овоштарите.
– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој и во наредните денови ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта, посочуваат од Агенцијата.
Од почетокот на мандатот на Владата досега исплатени се околу 370 милиони евра субвенции.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени