Ислам Абази назначен, вишите јавни обвинители ќе почекаат за нов шеф
Негативните реакции на јавноста по изборот на обвинителот Абази, не допираат до Советот на јавни обвинители.. Сите членови ја пофалија неговата работа како прв човек на Вишото обвинителство во Гостивар.. За кратко успеал да го намали бројот на заостанати предмети, па очекуваат Абази така да раководи и со Обвинителството за гонење криминал и корупција.. Во нивните дискусии, не беа споменати критиките од антикорупциска и правда за недостигот на критериуми при изборот, ниту сликите на Абази со функционери на ДУИ.. Неговата работа се ценела со постигнувањата на обвинителството со кое раководел..
„Во овие две години беше позитивно оценет годишниот извештај на гостиварското Вишо обвинтиелство и беше нагласувано дека таму е постигнат напредок, во смисла да се решат тие предмети кои години наназад им беа во фиока“, вели Антонио Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Единството кое советот го имаше за именувањето на Абази за шеф на одделението кое гони криминал и корупција, членовите не го покажаа за избор на прв човек во Вишото скопско обвинителство.. Час и половина надвор од салата за состаноци, членовите ги разгледувале документите на тројцата кандидати, но тоа време не било доволно за одлука, па изборот го одложија за идниот понеделник.. Во трка за оваа позиција се екс специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, како и досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи.. Првиот човек на Советот, негира дека одложувањето е заради уцени или притисоци кај членовите во телото со кое раководи..
„Тие денеска побараа само да ги разгледаат досиејата. Не можам да кажам дали некој ќе речи или не, крајно, тоа треба да го кажат на седница. –Значи не се согласувате со тоа час и половина седење зад затворени врати? –Не се согласувам, меѓутоа ги гледаа предметите, јас инсистирав денеска да биде изборот“, вели Јолевски..
Раководители не беа избрани ниту за обвинителствата во Битола, Велес, Кавадарци и Куманово, а не се избра ниту наследник на Абази за Вишото во Гостивар..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар