Македонија
13. April 2020 - 12:24

Искршени 62 гроба на гробиштата во Камник

62 гроба биле искршени на гробиштата во Камник. Инцидентот се случил минатата недела, а бил пријавен во четвртокот изутрината. Поради продолжениот полициски час, вработени во АД Бутел дури денеска земаат изјави од оштетените граѓани. Оние кои нема да се појават на лице место ќе бидат известени преку пошта.

Граѓаните чии гробни места се сквернавени велат дека во минатото имало кражби на огради и старо железо, но првшат се случува се случува гробови да бидат искршени.

 

Даниел Василев