-->
-->
ИСИЛ се заканува: Ќе ги убиеме сите пијани за Нова Година
-->

Сомалискиот огранок на ИСИЛ во понеделникот објави видео порака во која храбро им се заканува на сите што планираат да ги поминат новогодишните празници со алкохол, пишува „Newsweek“. Видеото кое трае осум и пол минути започнува со слика на Новогодишната ноќ, сцени на сипување шампањ и одбројување во пресрет на новогодишната ноќ.
Наместо „среќна Нова Година“, одеднаш се слуша "Аллаху Акбар" и звуци на насилство по што оваа терористичка група е јасно озлогласена. Нараторот на видеоснимката се обраќа на членовите на ИСИЛ и симпатизерите и ги повикува да ги искористат големите новогодишни собири и честите пијанства на луѓето за Божиќ и Нова Година за „нова можност“ за катастрофални и смртоносни терористички напади.
- На крајот, знаете, ИСИЛ ќе преживее, ќе се бориме додека целиот свет не биде подложен на шеријатот, и овој црн натпис „Нема Бог, освен Аллах“, додава тој.
За да се справат со традицијата на ноќен живот на последниот ден од годината, ИСИЛ користеше вирусно видео на Јутјуб на обезбедување кој имаше прицврстено GoPro камера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот