Исчистен отпадот од брегот на Мавровско Езеро
По низа акции рализирани на подрачјето на територијата општина Маврово и Ростуше за расчистување на сметот, кој се остава на излетничките места и се фрла каде што ќе се стигне, Јавното комунално претпријатие „Маврово“ упати апел за поголема совесност.
– Уште еднаш апелираме до сите случајни минувачи, туристи и граѓани на нашата општина да внимаваат каде го фрлаат отпадот од нивните автомобили со цел да се заштити животната средина, во нашиот, еден од наубавите краеви не само во нашата држава туку и пошироко, стои во апелот.
Тој следува по успешно спроведена акција за чистење на отпадот, пред се пластика, околу Мавровското Езеро.
Во акцијата учествува вработенте на ЈПКД „Маврово“, на ЈП „Национален парк „Маврово“, администрацијата на општина Маврово и Ростуше, како и дел од сопствениците на викенд куќи.
– Изразуваме голема благодарост до сите кои доброволно се вклучија во акцијата за собирање на отпадот долж брегот на Мавровско Езеро. Исто така благодарност и до сите кои беа вклучени во организацијата, како и до сите кои на одреден начин ја помогнаа акцијата, додаваат од ЈПКД „Маврово“.
Повикуваат сите заедно да покажеме колку ни значи Маврово-реканскиот крај и колку се грижиме за нашата животна средина.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Обвинителството бара притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот