Иранската претстава „Сослушување“ вечер на МОТ
На фестивалот Млад отворен театар вечер на програмата е една претстава - „Сослушување“ на Мер Театар груп (Mehr Theatre Group) од Техеран, која ќе гостува во Младинскиот културен центар од 20 часот.
Се работи за иранско-француска копродукција на авторот и режисер Амир Реза Кухестани во која учествуваат четворица актери.
Појдовна точка на претставата е моментот кога во еден дом за девојчиња, во кој е забранет влезот за мажи, една девојка известила дека слушнала маж во некоја од просториите.
Претходно, во 18 часот во МКЦ, во рамки на придружната програма ќе биде промовирана книгата есеи „Филозофија на паланката“ од српскиот автор Радомир Константиновиќ. На сцената „Зебра“, пак, од денеска до 4 октомври со почеток во 16 часот ќе се одржуваат работилници за современ танц на Скопје танцов театар.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”