Иран бара да и се одземат Мека и Медина на Саудиска Арабија
Иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи го повика целиот муслимански свет да размисли дали Саудиска Арабија треба да управува со главните исламски светилишта Мека и Медина, бидејќи „заминувањето на аџилак го претвориле во туристичко патување“.
Хамнеи ја обвини Саудиска Арабија дека е одговорна за задушувањето на илјадници луѓе за време на аџилакот во 2015 година.
- Оние кои го претворија аџилакот во туристичко патување, оние кои не го кријат непријателството кон револуционерниот ирански народ, оние кои ја политизираат религијата, не се ништо друго освен кукавички злобни души, кои треперат при секој неуспех на големиот шејтан - САД, изјави ајатолахот.
Тој истакна дека „трагедијата во 2015 година не се совпаднала случајно со воспоставувањето на пријателските односи меѓу Ријад и ционистите. Саудијците заборавија на најстрашните страдања на Палестинците за слобода и независност“.
Ајатолахот Али Хамнеи е загрижен поради тоа што Иран не добил квота за аџилак оваа година, додавајќи дека единствено решение за сегашната ситуација е да им се одземат на „лакомите тирани“ двете светилишта и „да му се предаде оваа света одговорност на целиот муслимански свет“.
Ново на Сител
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата