Интерпол објави потерница по четворица Севернокорејци во врска со убиството на Ким Џонг-нам
Интерпол издаде црвена потереница по четворица Севернокорејци во врска со убиството на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, соопшти началникот на малезиската полиција.
Ким Џонг-нам почина на 13 февруари, откако според малезиската полиција, две жени му го намачкале лицето со отровна материја Ве-Икс на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.
Како што јави ТАСС, црвената потерница предвидува да се одреди локацијата и да се уапси лицето по кога таа е издадена, со цел екстрадиција или други активности согласно законот.
Кон крајот на февруари властите во Малезија се обратија до Интерпол со барање да издаде потерници за апсење на четири државјани на Северна Кореја.
Обвиненија за убиството беа покренати против две жени, државјанки на Виетнам и Индонезија. Полицијата смета дека двете осомничени се кријат во севернокорејската Амбасада во Куала Лумпур. Освен тоа други четворица државјани на Северна Кореја ја напуштиле земјата на денот на убиството и веќе се наоѓаат во Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници