Интернационалната тортијада „Интерскопкејкс 2015“
Интернационалната тортијада „Интерскопкејкс 2015“ денеска од 10 до 16 часот ќе се одржува во „Веро центар“. Ќе бидат претставени повеќе од 50 слатки креации на изработувачи на слатки и торти, аматери и професионалци од Македонија и од странство.
Годинава во двете категории - професионалци и аматери, ќе учествуваат претставници од Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Полска, а поддржувачи се амбасадите на Велика Британија и на Полска.
Хуманитарната организација „Ангелчиња“ и Град Скопје се организатори на манифестацијата. Оваа година слатките задоволства кои ќе бидат прикажани ревијално ќе бидат наменети на децата заболени од церебрална парализа, кои ќе бидат присутни на самиот настан и ќе цртаат свои цртежи.
Предвидена е богата музичка програма, како за децата така и за возрасните. Ќе настапат ученици од неколку детски балетски студија, а ќе учествуваат и деца - пејачи, претставничките од Македонија на „Детскиот евросонг“, Ивана и Магдалена, младиот рок-пејач Борис Цветановски, Јулија, Раде Рогожаров... Првпат годинава ќе има и натпревар под притисок, каде учесниците на самото место ќе декорираат торти. Околу 16 часот е свеченото доделување на наградите.
Наградата за животно дело „Божидар Крстески“ оваа година оди во Крушево, кај Михајло Чонески за изработка на традиционалниот крушевски локум.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари