Македонија
9. April 2017 - 16:39

Иницијативата ,,За заедничка Македонија‘‘ повикува на помасовни протести против тиранската платформа

Остануваме будни и и нема да дозволиме никој да ја спроведе Тиранската платформа. Иницијатива за Заедничка Македонија повикува на уште поголема масовност на улиците во следните три денови, кои се клучни за заштита на унитарноста на Македонија. Апелираат политичките лидери да покажат разум и да се обединат околу националните интереси.

10-то продолжение на конститутивната седница на Собранието е закажано за утре. И надвор од собраниската говорница, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа кој и со каква цел ја кочи работата на Законодавниот дом.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека народот ги прочита лагите на Заев и не дозволи СДСМ да ги раскичмува највисокоите државни и национални интереси. Од партијата потенцираат дека предвремени парламентарни избори се единствено решение граѓаните да го кажат својот став за Тиранската платформа.

Криминалците од СДС се уценети. Ако не ја реализираат Тиранската Платформа ќе заглават по затвори. Народот не им го дозволува тоа. Од тие причини, од ден на ден стануваат се понервозни. Лицемерие и безобразлук !! Народот не е наивен за да поверува на овие лаги. Насилството е единствениот аргумент на СДС го користи во одбрана на намерата да ја спроведе Тиранската Платформа. Народот веќе 40 дена да ја брани државата токму од ваквите насилници, вели Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак повикуваат на здрав разум и ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта.. Сметаат дека образованието е само еден од секторите поради кои е неопходно итно формирање на новата Влада.

Прво, мора веднаш да се отстранат погрешните проекти и штетните експерименти како екстерно тестирање, дисперзирани студии, катастрофални учебници, казните за наставниците и лошите закони.   Второ, мора да обезбеди квалотетна образовна структура што ќе може, ќе нзае и ќе сака да го постави образовниот систем на здрави нозе.Трето, образованието треба да дава доволен образовен потенцијал што ќе им помогне на младите да се адаптираат во времето и да се вклучат на пазарот, во согласност со економијата во државата, вели Петар Атанасов.

Од партијата додаваат дека 67-те пратенички мандати имаат парво и обврска да го изберат новиот собраниски спикер и тоа ќе се случи согласно законите, Уставот и деловникот за работа на Собранието.