Македонија
16. May 2021 - 16:46

Инцидент на протестот за поддршка на палестинскиот народ во Скопје, интервенираше и полицијата

Две страни на еден ист медал. Тензичен протестен собир во знак на солидарност со Палестина, каде што за малку беше избегнат поголем инцидент.

Собирот беше организиран од здруженијата Социјален центар Дуња и Гласни идеи, против, како што наведоа во повикот на ФБ – етничкото чистење од државата Израел врз палестинскиот народ и нападите од израелските власти изминатава недела.

Апелираа на мирен протест без национални и верски обележја, но набргу им се придружија лица кои не го почитуваа овој повик. Токму тоа беше причината организаторите да го напуштат собирот. 

Атмосферата стануваше тензична. Од Социјалниот центар Дуња без гневни што нивниот собир е злоупотребен за, како што наведуваа, верски фундаментализам, кој според нив не е суштината на поддршката за палестинскиот народ.

По ова, активистите од Дуња и Гласни идеи се решија својот собир да го одржат на другата страна од плоштадот Македонија и оттаму да ги упатат своите пораки, додека од спротивната страна на плоштадот се слушаа само верски скандирања.

Ова е случај кој не трпи верски фанатизам, туку е проблем со идеолошка и хумана позадина, потенцираа од здружението.  

“Упатуваме порака до Меѓународната заедница и покрај сите злодела што ги направи во изминатите децении, да најде сили да ја одржи седницата на Советот за безбедност и да се разговара за ситуацијата. Долго време се случува невидена репресија и злосторство врз палестинскиот народ”, изјави дуња

Комплесниот израелско – палестински проблем се обиде да го доближи и докторот Мани Мехмелат, сириец, кој 35 години живее во Македонија.

“Јас се кладам дека не постои еден политичар во Израел кој нема дедо или прадедо роден во Палестина. Они се дојденци таму од 1947 година. Ниту ОН ниту организации за човекови права на го бранат палестинскиот народ”

Ескалирањето на судирот и страдањата ги коментираа и македонските политичари. На својот твитер профил премиерот Заев напиша дека не смее да има толеранција за антисемитистички напади, додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски го осуди испалувањето ракети од појасот Газа кон израелското население.

За ваквите ставови, Македонија беше поздравена од израелскиот премиер, кој ја вметна земјава како една од 25-те кои го поддржуваат Израел во конфликтот.