Македонија
5. December 2025 - 12:20
Охрид доби културно-туристички водич
Охрид доби културно -туристички водич .Станува збор за дело на Милчо Јованоски под наслов „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ пред се наменето за странските гости на Библиотеката и градот но и за сите љубители на охридската културна ризница.
Книгата претставува значаен придонес во современото проучување на Прличев , книжевната историја и културната меморија на Охрид.
Како продолжение на ова издание ќе има и документарен филм посветен на Прличев, кој се подготвува и ќе биде премиерно прикажан во рамки на културната манифестација „Прличеви Беседи“.
Ова дело беше промовирано во рамки на програмата за одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
