Македонија
8. October 2018 - 14:35

Инциден во познато кафуле во Драчево - повреден сопственикот

Инцидент во познато скопско кафуле. Како што инормираат од полицијата, вчера во 23,40 часот во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје имало пресметка во која учествувале повеќе лица.  Р.Е.(23) и Т.А.(21) двајцата од село Батинци, од една страна и од друга страна сопственикот на кафе барот Д.С. , кој се здобил со тешки телесни повреди нанесени со нож.

Со тешки телесни повреди се здобил и А.П.. Двете повредени лица се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош.

Сторителите се приведени и задржани во полициска станица.