Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
Владата соопшти дека ги проверила и ги отфрлила како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ, стои во соопштението од владината прес-служба.
Воедно, се додава дека Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Oстануваме посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните, наведуваат од Владата.
Претходно денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска достави документите во Владата до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити. Таа при тоа приложи документи според кои наводно во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и админстративните процедури што, кажа, остава сомнеж за корупција и за мито. Во изјавата за медиуми пред доставување на документите, таа рече дека од партијата очекуваат премиерот во најбрз можен рок да ги разгледа и да ги повика надлежните институции да реагираат.
Во исто време изјава за медиуми даде и првиот вицепремиер и министер за животна средина Меџити кој доставувањето на документите до Влада го оцени како обид на опозициската СДСМ да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал. Тој при тоа забележа дека вакви тврдења имало од ДУИ, а сега и од СДСМ, кои според него, одат по нивна памет и се гледа дека се синхронизирани во нападите.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна
- Прво се зборуваше за одземање на ингеренции на Министерството за животна средина, а кога увидоа дека Инспекторатот кој бил автономен во нивно време сега е дел од Министерството, како сектор, отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба констатиран во Административниот инспекторат. Но, се работи за редовна контрола која била во програмата на Државниот административен инспекторат. Имаат опомена со забелешка за некоја воспоставена пракса, не за ингеренции или за нешто друго, изјави Меџити во одговор на новинарско прашање пред почетокот на завршниот настан на твиниг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на индустриското загадување MK 20 IPA EN 02 22“.
Ново на Сител
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари
-
Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром